(Фото) ЈКП „Гази Баба“ доби нова механизација

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈКП Гази Баба Игор Атанасовски направија промоција на новата механизација за ЈКП Гази Баба, извести Општината.
 
Наредбите за девалвации и напади од штабот на ВМРО се спроведуваат, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
 
ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 06.06.2025 година (петок), по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.
 
Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ ги покануваат навивачите, симпатизерите и љубителите на спортот на традиционалната средба со шампионскиот тим вечерва, со почеток во 19 часот пред платото пред хотелот „Русија“.
 
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со ветераните на македонската кошарка: Драган Радосављевиќ, Ристо Ѓорчевски, Томе Димишковски и Огнен Герасимовски – во „Апче“, во срцето на Дебар Маало.
 
СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.С.(35) и А.С.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
 
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
 

Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Борка Талевски бр 3. без вода ќе останат корисниците на дел од улицата Борка Талевски, Никола Тримпаре и дел од улицата Дебарца, општина Карпош.
 
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
 
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, потенцира дека со измените на Законот за локална самоуправа што предвидува вметнување на комунални редари ќе се дадат поголеми ингеренции на општините и ќе се врати редот и мирот.
 
Здружението „Екозвон“ во соработка до Општина Гази Баба продолжува да го реализира проектот „Знаете ли колку е штетен е-отпадот?“.
 
Започна целосна реконструкција на мултифункционалното игралиште и детското катче лоцирани кај трим патеката во населбата 11 Октомври – Згради, со што младите од овој дел на Кисела Вода добиваат современ спортско-рекреативен простор.
 
Општина Центар информира дека во тек се интервјуата со студентите и апсолвентите кои се пријавија на јавниот повик за практикантство во општинската администрација.
 

Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 300 мм на булеварот Осми Септември б.б, без вода ќе останат објектите на хотел Александар Палас и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, како и дел од корисниците од булеварите Осми Септември и Илинден, како и дел од корисниците од улиците Никола Тесла и Орце Николов, во Oпштина Карпош.
 
Денес во посета на Министерството за внатрешни работи во Единицата за службени кучиња беа учениците од шесто одделение од ООУ.„Наум Наумовски – Борче“ – Гази Баба и Бобан Стефковски, градоначалникот на оваа скопска општина.
 
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил неколку тешки кражби и една тешка кражба која останала во обид.
 
Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Кирков на денешната седница на Советот на Град Скопје.
 
Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.