Неделков пред средбата со МТСП: Очекуваме да се затвори прашањето со деновите од штрајкот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Лидерот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, очекува да се затвори прашањето со деновите од штрајкот и исплатата на платите во градинките за периодот кога штрајкуваа.
Комисијата за односи со верските заедници: Ги подржуваме мудрите чекори во црковната дипломатија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на нашата Македонска православна црква - Охридска архиепископија и интеракцијата со сестринските помесни православни цркви и ги подржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија, објавија од оваа институција.
(Видео) Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ и СДСМ?
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност, овој пат пациентите со карцином. Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином.
Вархеји ја повика Софија во јуни да даде согласност за старт на преговорите со Скопје
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток на преговорачкиот процес со Скопје. Ова го истакна тој по средбите во Бугарија со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, „За три недели се враќам во Софија“, напиша на Твитер Вархеји по вчерашните состаноци со бугарскиот државен врв.
Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка, а нашата безбедност лежи во колективната безбедност на нашите сојузници во НАТО, бидејќи ние сме НАТО, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска при својата официјална посета на Софија.
Алиу: Со квалитетно образование до намалување на одливот на мозоци
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Стратешка цел на Владата и на Министерството за образование и наука е преку инвестиции во квалитетно образование да поттикнеме побрз, поинклузивен и поодржлив економски раст. Искуствата од развиените земји кон кои се стремиме покажуваат дека квалитетното образование ги зголемува примањата во текот на животот и е едно од трите клучни сегменти, заедно со здравството и социјалната заштита, кои влијаат на квалитетот на живот, а со тоа и го намалуваат одливот на мозоци.
РСБСП: Матурските прослави нека поминат без сообраќајни инциденти
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите за време на овие прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол. РСБСП секоја година редовно повикува на совесност и одговорност на матурантите и на нивните родители, а укажува на сериозноста на можните последици од сообраќајни инциденти.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сончево време со мала локална облачност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло.
Димитров до Ковачевски: Не е точно дека земјите членки на ЕУ ја оправдуваат уцената на Бугарија со историјата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Никола Димитров ја искритикува изјавата на премиерот Ковачевски дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата.
(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Наместо дијалог на маса, ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме друг избор, освен да го правиме ова што го правиме, а тоа се активни блокади во Собранието и голем сенароден протест на 18 јуни, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Макфакс“.
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска прими делегација на заедницата на Власите од нашата земја претставена преку членови на политички партии, граѓански здруженија, на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Грковска - Кицара: Со стандардизација на сите институции до подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска се сретна со Џевад Кицара, директор на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.
Бочварски - Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево - Охрид мора да се запази
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Автопатската делница од Кичево до Охрид е врвен приоритет и не прифаќам никакво пролонгирање, нема повеќе калкулации и рокот мора да биде испочитуван, истакна министерот Бочварски кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на Поделница 5 од автопатот Кичево – Охрид, кај населеното место Горенци.
Османи на 132. сесија на Комитетот на министрите на Советот на Европа
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Mинистерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на 20 мај 2022 година во Торино ќе учествува на 132. министерска сесија на Комитетот на министрите на Советот на Европа.
76 нови случаи на Ковид-19 и три починати лица
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден заразен од Куманово, Гевгелија и Ресен.
МНР го поздрави повикот на ЕП за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Министерството за надворешни работи го поздравува усвојувањето на Резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница во Стразбур.
Ковачевски: Сопругата е родена во Крива Паланка, во однос на предците јас не можам да коментирам такви детали
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 19 Мај 2022
Додека бугарскиот весник „Труд“ тврди дека Елена Ковачевска, сопруга на Димитар Ковачевски и нејзините дедо и татко се Бугари, премиерот негира. Тој вели дека целото семејство имаат само македонски документи.