Промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 20 Мај 2022
Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во 20 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски, во издание на „Или-или“. Промоторка на книгата ќе биде писателката Николина Андова-Шопова. Романот влезе во најтесниот круг за наградата „Роман на годината 2021“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Георгиевска: Раст на просечната плата и платите во сите сектори, СДСМ го цени и вреднува трудот на работниците
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 20 Мај 2022
Раст на просечната плата и платите во сите сектори, СДСМ го цени и вреднува трудот на работниците, изјави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.
Русите сакаат да го променат законот: На луѓето постари од 40 години да им се дозволи да одат во војска
- Детали
- Категорија: Свет
- Објавено: 20 Мај 2022
Долниот дом на рускиот парламент на својата веб-страница објави предлог за измена на законот со кој ќе им се овозможи на Русите постари од 40 години и странците над 30 години да се пријават во војска.
Неделков пред средбата со МТСП: Очекуваме да се затвори прашањето со деновите од штрајкот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Лидерот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, очекува да се затвори прашањето со деновите од штрајкот и исплатата на платите во градинките за периодот кога штрајкуваа.
Комисијата за односи со верските заедници: Ги подржуваме мудрите чекори во црковната дипломатија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на нашата Македонска православна црква - Охридска архиепископија и интеракцијата со сестринските помесни православни цркви и ги подржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија, објавија од оваа институција.
(Видео) Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ и СДСМ?
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност, овој пат пациентите со карцином. Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином.
Вархеји ја повика Софија во јуни да даде согласност за старт на преговорите со Скопје
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји очекува Софија во рок од три недели да се согласи за почеток на преговорачкиот процес со Скопје. Ова го истакна тој по средбите во Бугарија со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, „За три недели се враќам во Софија“, напиша на Твитер Вархеји по вчерашните состаноци со бугарскиот државен врв.
ЈСП: Јавниот превоз во вторник ќе сообраќа по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Објавено: 20 Мај 2022
ЈСП Скопје информира дека во вторник (24.5.2022 година), поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.
Мбапе за два дена ќе ја обелодени одлуката, ПСЖ или Реал…
- Детали
- Категорија: Спорт
- Објавено: 20 Мај 2022
Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе долго ја бранува светската фудбалска јавност со неговата одлука околу иднината, дали ќе остане во Пари Сен Жермен или ќе замине во Реал Мадрид.
„ТМЗ“: Ријана и Асап Роки станаа родители, добија син
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Објавено: 20 Мај 2022
Поп-ѕвездата Ријана и раперот Асап Роки станаа родители по првпат. Тие добија син, објави „ТМЗ“ во четвртокот.
Тренчевска: Преку подобрување на условите за странски работници до намалување на дефицитот на работна сила
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 20 Мај 2022
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Меѓународната конференција за миграција „Луѓе во движење. Државјанство, идентитет и развој“, организиран од Универзитетот Мајка Тереза, Скопје.
Ангеловска-Бежоска ‒ Бомгартнер: Монетарната политика е поставена да одговори на нагорните инфлациски движења
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 20 Мај 2022
Поради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и поради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст.
Руски политичар: Споро напредуваме, украинската армија е една од најсилните
- Детали
- Категорија: Свет
- Објавено: 20 Мај 2022
Политичарот Франц Клинцевич за руската телевизија го коментираше напредокот на Русија во Украина, велејќи дека е бавен, поради силната украинска армија.
Шри Ланка се соочува со недостиг на гориво, затворени се и училиштата
- Детали
- Категорија: Свет
- Објавено: 20 Мај 2022
Властите на Шри Ланка денеска ги затворија училиштата и побараа од владините претставници да не доаѓаат на работа, во очајнички обид да се подготват за големиот недостиг на гориво што се очекува да трае, поради најтешката економска криза во земјата во последните децении, објави АП.
Напаѓач во Норвешка избодел четири лица, едно во критична состојба
- Детали
- Категорија: Свет
- Објавено: 20 Мај 2022
Најмалку четири лица се избодени и повредени во случајни напади во Нумедал во југоисточна Норвешка, соопшти денеска локалната полиција.
Последно испраќање на Матеј Периш во Белград. Таткото на Периш: „Најлошиот ден во животот“
- Детали
- Категорија: Свет
- Објавено: 20 Мај 2022
Телото на Матеј Периш денеска од црквата Свети Антониј во Белград ќе биде испратено во Сплит, каде што ќе биде погребан, соопштија од белградската надбискупија, јавуваат српските медиуми.
Според анкетата на њујоршкиот магазин „Тајм“, Зеленски е највлијателната личност на годината
- Детали
- Категорија: Свет
- Објавено: 20 Мај 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прв на листата на највлијателни личности на годината во анкетата на њујоршкиот магазин „Тајм“.
Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Објавено: 20 Мај 2022
Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка, а нашата безбедност лежи во колективната безбедност на нашите сојузници во НАТО, бидејќи ние сме НАТО, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска при својата официјална посета на Софија.