Герасимовски: Исцрпени средствата за велосипеди, повикот за дополнителна опрема сѐ уште е во тек
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 11 Јуни 2025
Општина Центар информира дека се исцрпени средствата за субвенционирање на велосипеди, електрични велосипеди и е-тротинети во рамки на јавниот повик „Цел Центар на точак“.
Салата Работнички ќе биде готова до октомври, Герасимовски вели дека лично тој, редовно прави увид
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 10 Јуни 2025
Салата „Работнички“ чија реконструкција по 50 години почна во јануари годинава, ќе биде готова до октомври. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денес извести дека редовно оди во контрола на градилиштето.
Девојка пронајдена почината во казино во Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 10 Јуни 2025
Дваесет и четиригодишна девојка е пронајдена почината во казино во Центар, Скопје.
Во Центар сигурно победуваме, вели Герасимовски
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 10 Јуни 2025
Актуелниот градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, е убеден дека по втор пат ќе ја добие довербата на центарци, заради сработеното но и многуте планови од интерес на граѓаните.
Герасимовски: Од Капиштец почнува караванот „Се гледаме во маало“
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 10 Јуни 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово на брифинг појадок со новинари најави дека караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ отпочнува денеска од населбата Капишец, а ќе трае до 4-ти јули.
Герасимовски со легендите на Работнички: Ќе имате своја ложа, а салата ќе го носи името на Лазар Лечиќ
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 05 Јуни 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со ветераните на македонската кошарка: Драган Радосављевиќ, Ристо Ѓорчевски, Томе Димишковски и Огнен Герасимовски – во „Апче“, во срцето на Дебар Маало.
Осум студенти ќе добиваат платена пракса од 15 илјади денари во Општина Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 04 Јуни 2025
Општина Центар информира дека во тек се интервјуата со студентите и апсолвентите кои се пријавија на јавниот повик за практикантство во општинската администрација.
Герасимовски: За два месеци доделени 208 субвенции за велосипеди
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 03 Јуни 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека за само два месеци доделени се нови 208 субвенции за купување велосипеди, со што вкупната бројка на дадени субвенции од 2022 година до денес достигна 584.
„Центар преплавен во смет“: Герасимовски најави ригорозни мерки против „Комунална хигиена“
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 02 Јуни 2025
Општина Центар и ова утро беше преплавена во смет откога ЈП „Комунална хигиена“ повторно беше на продолжен одмор, велат од Општината. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека се подготвуваат одредени законски измени, што ќе бидат доставени до министерствата со цел преземање на ингеренциите од Град Скопје.
За седум дена санкционирани 𝟣𝟥𝟥 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 02 Јуни 2025
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 26.05. до 01.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 133 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„Центарска симфонија“ – музички спектакл на 21 јуни во срцето на Скопје
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 02 Јуни 2025
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката.
Герасимовски: Се бетонира подлогата во салата Работнички, реконструкцијата според највисоки ФИБА стандарди
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 30 Мај 2025
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека реконструкцијата на салата Работнички се одвива во полн ек, кадешто во моментов се бетонира подлогата, што претставува една од клучните фази во процесот.
Вкусна трпеза и музика во 18 часот во Паркот на Франкофонијата во Скопје
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 30 Мај 2025
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува скопјани денеска во 18.00 часот на добра традиционална македонска и европска трпеза во Паркот на Франкофонијата. Герасимовски вели дека културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ e можност за дружење, културна размена и зајакнување на заедништвото.
Герасимовски се подготвува за втор мандат: Имаме одличен план и програма
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 29 Мај 2025
радоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат.
„Нож и виљушка на европска чинија“ на 30 мај во Паркот на франкофонијата
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 28 Мај 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека во петок, 30 мај, во Паркот на Франкофонијата со почеток од 18.00 часот ќе се одржи културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. Тој потенцира дека и годинава ќе се промовира културната разноликост преку претставување на традиционални македонски и европски гастрономски производи.
Санкционирани сто непрописно паркирани возила на територијата на Oпштина Центар во текот на една недела
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 26 Мај 2025
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
Дел од Центар денеска без вода
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 27 Мај 2025
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-80 мм на улицата Црвена вода бр. 24, Oпштина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Кражби во цркви во Сопиште и во скопски Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Објавено: 20 Мај 2025
Во СВР Скопје вчера во 09.00 часот било пријавено дека во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во двор на црква на подрачјето на село Сопиште, скопско, биле одземени разни предмети и ѕвоно од камбанаријата.