Чаир

Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

 

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење.

 

„Објектот почнал да се гради 2024 година, без одобрение и на државно земјиште, на улицата Кемал Сејфула во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата – станбена зграда со деловни простории и катност По+П+6+Пк наменети за продажба“, соопшти Обвинителството.

 

По наредба на јавен обвинител, овластен судски вештак од областа на градежништвото констатирал моментна фаза на изграденост, односно изведени армирано-бетонски работи, целосно бетонирана скелетна армирано-бетонска конструкција, столбови, греди и плочи од подрумот до шестиот кат, како и ѕидање надворешни и внатрешни ѕидови со блок-тула.

 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за изведување градежни работи на објектот дивоградба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.