
Герасимовски: Со комунални редари ќе го вратиме редот во општините
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 04 Јуни 2025

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, потенцира дека со измените на Законот за локална самоуправа што предвидува вметнување на комунални редари ќе се дадат поголеми ингеренции на општините и ќе се врати редот и мирот.
„Во делот на измените на законот за локална самоуправа го поздравувам делот за вметнување комунални редари – нешто за кое зборуваме со години наназад. Ние дури говоревме за комунална полиција, а сега гледаме дека ќе биде вметнато како комунални редари кои би имале поголеми ингеренции низ општините“, рече Герасимовски.
Тој додаде дека првично тоа ќе биде пилот-проект на територијата на Град Скопје.
„Го поздравувам тој чекор, за да го вратиме мирот и редот. Тие ќе бидат задолжени во делот на неправилно паркирање, гласна музика, дивоградби, урбана опрема. Добро би било да имаме поголем број на комунални редари кои конечно ќе ни помогнат за да направиме ред во општините“, рече Герасимовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
