Групна изложба на млади графичари во МКЦ
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 14 Април 2021
Група млади македонски графичари - Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.
Заврши снимнањето на филмот „Празникот на хризантемите“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 08 Април 2021
Заврши снимањето на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ ("Chrysanthemum day") на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина, а македонска ко-продукција е ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Зафир Хаџиманов погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 07 Април 2021
Зафир Хаџиманов почина поради компликации со коронавирусот на 27 март, погребот беше одржан денес на Новите гробишта во Белград, а неговата урна беше положена во Алејата на заслужните граѓани.
„Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски објавена на англиски јазик
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 07 Април 2021
Збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle) од Стефан Марковски деновиве беше објавена на англиски јазик на сајтот Амазон, каде е достапна во „Киндл“ и печатена верзија во тврдо и меко издание.
„Камерна приказна“ во Филхармонија
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 05 Април 2021
Камерна приказна“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток во 19 часот, на кој како солисти ќе настапат Елена Дојчиновска (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Кончерто да камера за флејта и англиски рог од Онегер и Камерна симфонија оп. 73а од Шостакович (арр. Р. Баршаи).
Грчките конзерватори со позитивни впечатоции по посетата на Курбиново, Хераклеја, на Охрид
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 04 Април 2021
Во изминатите три дена, во работна посета на Република Северна Македонија, присуствуваа Флора Карагиани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.
76 години МНТ испишува историја
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 03 Април 2021
Театарот е место каде што се случува нешто исклучително, тука се преплетуваат режисерските идеи со актерското срце, место каде што се создава магија, а публиката ја восприема со отворена душа.
Државниот архив слави 70 години постоење
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 01 Април 2021
Државниот архив на Република Северна Македонија (ДАРСМ) денеска (1 април) го слави своето 70-годишно постоење.
Млади пијанисти од Штип за пет месeци освоија 37 награди
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 31 Март 2021
Од Општина Штип велат дека се расадник на талентирани пијанисти нагласувајќи дека само во оваа учебна година млади таленти за 5 месеци освоиле 37 награди на интернационални натпревари во Америка, Русија, Јапонија, Канада, Белгија, Грузија, Украјна и во Словенија.
Претставата „Игра на тронови“ има за цел да го донесе Вестерос на Бродвеј
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 31 Март 2021
„Игра на тронови“ и измислениот свет на Вестерос ќе оживеат во сценска претстава за која продуцентите изјавија надеж дека ќе ја донесат на Бродвеј, лондонски Вест Енд и Австралија во 2023 година.
Ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 - 2021)“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 29 Март 2021
Државниот архив објави ново издание „Првите луѓе на Државниот архив (1951 - 2021)“ од проф.д-р Марјан Димитријевски по повод одбележувањето на јубилејот 70 години постоење на институцијата.
Од коронавирус почина Зафир Хаџиманов
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 27 Март 2021
Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор, ја загуби битката со коронавирусот.
Театарот за деца и младинци го прославува 31-от роденден
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 25 Март 2021
Театарот за деца и младинци денеска го прославува 31-от роденден. Поради пандемиските услови, истиот скромно се одбележува со низа пораки и честитки поделени на социјалните мрежи од страна на нашите колеги актери, информираат од театарот.
Агенцијата за филм со отчет за средствата потрошени во текот на минатата година
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 24 Март 2021
Агенцијата за филм во насока на транспарентност на средствата реализирани од годишниот буџет, почнувајќи од 2019 година издава публикација наречена „Факти и бројки“.
Бранислав Лечиќ обвинет за силување, српскиот актер ги негира обвинувањата
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 23 Март 2021
Актерката Данијела Штајнфелд го обвини актерот Бранислав Лечиќ дека ја силувал во 2012 година. Во интервју за „Инсајдер“ таа вели дека две години се лекувала од посттрауматско нарушување и призна дека размислувала за самоубиство. Од своја страна, Лечиќ, изјави дека тврдењата за силување се најодвратна лага.
Чествување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во седиштето на УНЕСКО
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 22 Март 2021
Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Франција, денеска во 16 часот ќе се одржи настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески, јубилеј кој е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.
„Дедо и внук“ најдобар странски филм на Independent Film Awards во Лондон
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 23 Март 2021
По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон.
Георгиески: Изненаден сум од изјавата на министерката за култура за одземање на ингеренциите на Општина Охрид
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 20 Март 2021
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, вели дека е изненаден од изјавата на министерката за култура, Ирена Стефоска, за одземањето на ингеренциите на Општина Охрид, која, според неа, нема волја за заштита на културното наследство.