
Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 03 Јуни 2025

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна советникот во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Кирков на денешната седница на Советот на Град Скопје.
„Илузорно е, популистички и целосно провидно да се смета дека дивоградбите ќе ги реши една седница на советот на Град Скопје, ова е мегдан каде коалицијата на власт на СДСМ и Левица прават театар и циркус од работата во Градот Скопје. 4 години Данела Арсовска имаше време да реагира за сите дивоградби, сега во последниве четири месеци реши да прави популизам и театар кој ние не го прифаќаме“, посочи Кирков.
Тој истакна дека дивоградбите не се случај во последната година, ниту пак тие ќе се решат за следните четири месеци.
„Дивоградбите не се случија последнава година, ниту ќе се решат за следните четири месеци. Но, има и такви во оваа сала кои се на власт 20 години со сите власти и молчат за дивоградбите. Има институции и тие институции треба да работат согласно законот. Да завршам и тоа е нашиот апел и затоа бидејќи не помина дневниот ред каде тука се сакаше да се прави спектакл и претстава за јавноста. Ние нема да учествуваме во политикантството“, вели Кирков.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
