Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради, како што велат, континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија.
 
Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ ги покануваат навивачите, симпатизерите и љубителите на спортот на традиционалната средба со шампионскиот тим вечерва, со почеток во 19 часот пред платото пред хотелот „Русија“.
 
Општина Аеродром го добива првото мултифункционално спортско игралиште, на кое покрај фудбал и кошарка, ќе може да се игра и тенис.
 

Нов парк во Горно Лисиче

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска присуствуваше на започнувањето на изградбата на нов парк во Горно Лисиче покрај улицата „Божин Николов“ на површина од 3.500 квадрати метри.
 
Политички театар на СДСМ – потпретседателката издава дозволи, партијата глуми шок, реагира Општина Аеродром на обвинувањата на СДСМ.
 
Застрашувачки се информациите за масовното уништување на животната средина на територија на Општина Аеродром, откриен од инспекцијата на Град Скопје. Додека општинските инспектори за заштита на животната средина спијат, градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовка како во некое нискобуиџетно реално шоу објавува снимки од нелегална сепарација за ископ на песок кај мостот на Вардар во Долно Лисиче“, велат од СДСМ.
 
Пожар избувнал синоќа во угостителски објект во Лисиче. Сопственикот со изгореници на раката и поради вдишување чад е пренесен во болница.
 

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, Oпштина Аеродром.
 

Дел од Аеродром денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Васко Каранѓелевски 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот Јане Сандански, односно парните броеви од 34 до 64.
 
Четири малолетнички физички нападнале и ограбиле 13-годишно девојче во Аеродром.
 
„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина од улицата Владимир Комаров во Стар Аеродром никако да заврши. Повеќе од месец дена трае реконструкција на тротоари во должина од 450 метри во правец, на потегот од бул. Јане Сандански до бул. Васко Карангелевски“, велат од СДСМ Аеродром.
 
Општина Аеродром од 5 мај (понеделник) почнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на јуни, што всушност претставува континуитет од минатата година, кога се спроведе есенска акција.
 

Реконструкција на паркот „Бановина“ во Лисиче

Општина Аеродром започна целосна реконструкција на паркот Бановина што се наоѓа во Лисиче.
 

Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
 

Општина Аеродром спроведува пролетна дератизација

Општина Аеродром деновиве спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија.
 
Компанијата „Тексомак“ во соработка со Oпштина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад.
 
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Аеродром, каде се работи на реализација на инфраструктурни проекти финансирани преку првиот владин повик за поддршка на општински проекти, соопштија од неговиот кабинет.
 
По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.