Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
 
Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење.
 
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во Oпштина Чаир.
 
Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на повредените од трагедијата во Кочани, кои се наоѓаат во Скопје, да им се придружат на ифтарска вечера во паркот во Чаир, пренесе ТРТ Балкан.
 
Општина Чаир е една од трите општини на државно ниво што го добија максималниот грант од 50.000 долари од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во рамките на проектот „Зајакнување на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, поддржан од Владата на Шведска и Бирото за регионален развој.
 

Дете нападнало врсник со нож во Чаир

Четиринаесетгодишник бил избоден од 15-годишен малолетник синоќа по 20 часот во Чаир.
 
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
 
Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил.
 

Пожарот во зградата во Чаир уште е активен

Пожарот во зградата во Чаир уште е активен, информираше утрово Центарот за управување со кризи. Утрово интервенираат три возила.
 
Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош откога вдишиле од чадот.
 
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ја посетија салата “Партизан” во Чаир. Најавија дека овој спортски објект, кој оставен на забот на времето, се наоѓа во катастрофална состојба, ќе биде темелно реновиран и повторно ќе го врати својот сјај. Претседателот Ѓорѓиевски му се заблагодари на Министерот Борко Ристовски за неговиот ангажман за рамномерното регионално инвестирање во сферата на спортот, што овозможува обнова на спортската инфраструктура во сите општини.
 

Делови од Чаир без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
 
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје од денеска до 1.9.2024 година ќе реализираакција за собирање кабаст отпад во општината Чаир.
 
Вчера, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.
 

Дел од општината Чаир денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат улици во општина Чаир.
 
Денеска во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.
 

Нападнат возач на автобус во Чаир

54-годишен возач на автобус вчера бил нападнат во Чаир.
 

Без вода делови од Чаир

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради реконструкција на водоводна мрежа на ул. Стојна Стевкова 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Стојна Стевкова и дел од ул. Цветан Димов (Чаирчанка).
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.