Во текот на изминатата недела, од страна на градежен и комунален инспектор, како и со активно присуство на комуналните редари, биле спроведени над 50 контроли на терен, информираат од Општина Карпош.
 
Општина Карпош упати апел до ЈП Комунална хигиена редовно да го чистат сметот или во спротивно ќе следат казни за претпријатието.
 
Општина Карпош информира дека континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија на својата територија, водејќи грижа за комфорот и условите за престој на децата во детските градинки и основните училишта.
 
Синоќа Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари.
 

Јакимовски затвори градилиште во Влае

Општина Карпош соопшти дека и покрај изречени повеќе опомени и напишани повеќе казни од општинската комунална инспекција, градежната компанија „Спектар Термо“ која работи на изградба на објект на улицата Драгутин Аврамовски Гуте бр.25 во Влае и натаму продолжува со своето несоодветно однесување, поради што градилиштето денеска го посети градоначалникот Стевчо Јакимовски.
 

Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
 

Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на ул. Копенхагенска, крстосница со ул. Стокхолмска во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Копенхагенска, Стокхолмска, Софиска, Његошева, Гаврил Лесновски и Петар Драганов во Oпштина Карпош.
 
Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош.
 

Без вода неколку улици во скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Петар Драганов бр1б без вода ке останат следните улици Његошева, Бриселска, Софиска, Стокхолмска, Петар Драганов, Гаврил Лесновски и ул Копенхагенска.
 
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, заедно со локалното население од Злокуќани ги повика Владата и Министерството за здравство да ја преиспитаат намерата да го префрлат центарот за зависници од Кисела Вода во болницата во Бардовци.
 

Дел од Карпош без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска:
 
Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди.
 
Малолетно дете е повредено предмалку во Карпош откако се откорнала голема гранка од дрво.
 

Започна пролетната дератизација во Карпош

Во тек е редовната пролетна дератизација на околу 5.000 шахти на територија на Oпштина Карпош.
 
Локалната самоуправа и оваа година распиша Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија. Во таа насока, Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават на Јавниот повик, односно да станат потенцијални корисници на горенаведените субвенции.
 
Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска објави Јавен повик за доделување на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување, на своја територија.
 
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
 
Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.