Три лица се искасани од кучиња, се пријавени во полиција. Два од нив се во Аеродром.
 
Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета, информираат од општината.
 
Иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ најави протест против бетонизација на населбата.
 
Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на прес конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за избор на партнер, ќе биде воспоставено јавно-приватно партнерство со кое ќе се реализира овој проект. На јавниот повик ќе може да аплицираат сите заинтересирани компании кои ги исполнуваат дадените услови.
 

Аеродром доби две нови спортски игралишта

Минатата недела во основното училиште „Љубен Лапе“ официјално беа пуштени во употреба две нови, модерни спортски игралишта, наменети за дечињата од ова основно училиште. Со ова Општина Аеродром доби нови спортски терени кои веќе се почетна точка за многу спортски таленти кои се градат во Аеродром, велат од Општината.
 
Од Општина Аеродром реагираат на обвинувањата на СДСМ за случајот со парцелите во Лисиче.
 
Случајот „Парцели во Лисиче“ покажа дека градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски е ист како скопската градоначалничка Данела Арсовска, едно зборува пред избори, а друго прави кога е на власт, обвини СДСМ.
 
СДСМ наместо да шири дезинформации треба да даде одговор дали и кога ќе побара одговорност и постапување на Комисијата за спречување на корупција за крупните бизнис зделки и продажба на земјиште за блиски роднини на Ковачевски и Богоев, велат од општина Аеродром по обвинувањата од СДСМ за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче.
 
СДСМ побара од антикорупциската комисија да отвори предмет за случајот со парцелите во Лисиче.
 
Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, одржа прес-конференција во врска со процесот на изработка на детаљниот урбанистички план во дел од населбата Лисиче.
 
Граѓаните на Лисиче наместо зеленило добиваат бетонизација, наместо мега паркови – висококатници, реагираат денеска од СДСМ.
 
Активностите за унапредување на урбаното и локално живеење во Општина Аеродром продолжуваат со нови инвестиции на локацијата „Островска“ во Лисиче, каде наскоро започнува изведбата на нов мултифункционален спортско-рекреативен комплекс, што вклучува изградба на фудбалско, кошаркарско и детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и хортикултурно уредување на околниот простор.
 

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче

Општина Аеродром донесе одлука за поставување на споменикот на Андон Јанев-Ќосето во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром.
 
Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот фејсбук-профил објави дека според последната одлука на Уставниот суд, сите носители на јавни функции ќе добијат зголемување на својата плата, а разликата во покачувањето тој ќе го донира во хуманитарни цели на семејствата со ниски месечни примања и за семејствата на уставобранителите.
 
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, в недела на 26.03.2023, со почеток во 18 часот поради најавен ракометен натпревар,
 
Светот денес го одбележува Денот на среќата. По тој повод градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски присуствуваше на настан организиран во детската градинка „Буба Мара“, клонот кој се наоѓа во населбата Лисиче, каде потенцирајќи ја важноста на среќата заедно со дечињата испратија важни пораки за среќа и безгрижен живот.
 
​Општина Аеродром денес го одбележа првиот ден на пролетта, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Денот на поезијата. Градоначалникот Тимчо Муцунски утрово го посети основното училиште „Александар Македонски“ и присуствуваше на настан каде заедно со учениците преку интересни и креативни активности, организирани во училишниот двор посакаа добредојде на новото годишно време и испратија пораки по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
 
Денеска светот го празнува Меѓународниот ден на жената, а градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот Дејан Митески утрово се сретнаа и го честитаа празникот токму на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес за нормално функционирање на општина Аеродром.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.