Муцунски се сретна со жените од комуналните служби: Благодарам за вашиот придонес и труд кои се од витално значење за општината

Денеска светот го празнува Меѓународниот ден на жената, а градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот Дејан Митески утрово се сретнаа и го честитаа празникот токму на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес за нормално функционирање на општина Аеродром.

„Утрово се сретнав со жените кои дел од комуналните служби во општината Аеродром, се заблагодарив за трудот и личниот придонес кој тие го даваат почиста и поубава општина. Нивната работа е од витално значење за средината во која живееме, и ниту една наша цел поврзана со здравата и животна средина нема да биде остварлива без нивната поддршка“, напиша Муцунски на својата Фејсбук страна.

Тој додаде дека не само во ова поле, туку и во останатите сектори и служби на Општина Аеродром работат многу вредни и посветени жени.

„За мене вистинско задоволство е да се соработува со нив. Во оваа прилика на сите нив и на сите жени во Македонија им го честитам денешниот празник“, додаде Муцунски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.