Аеродром доби две нови спортски игралишта

Минатата недела во основното училиште „Љубен Лапе“ официјално беа пуштени во употреба две нови, модерни спортски игралишта, наменети за дечињата од ова основно училиште. Со ова Општина Аеродром доби нови спортски терени кои веќе се почетна точка за многу спортски таленти кои се градат во Аеродром, велат од Општината.

Градоначалникот Муцунски кој се обрати на настанот потенцираше дека станува збор за едно од најголемите основни училишта во Аеродром и во Скопје, каде уште oпштината ја потврдува заложбата за подобрување на воспитно-образовниот процес, учење на младите на здрави навики и создавање здрава иднина за новите генерации.

„Една од нашите цели кога градиме нови спортски терени и инвестираме во спортот е да ги натераме младите повеќе да спортуваат, а овие спортски терени да бидат местото каде ова и секое наредно лето ќе се слуша џагорот од детската игра и среќа“, нагласи Муцунски во своето обраќање.

Општина Аеродром останува посветена на создавање подобри услови за спорт и рекреација на најмладите. Континуираните инвестиции во нови спортски игралишта се директна инвестиција со која се создаваат услови поздрава и поактивна младина, додаваат од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.