Утре посебен режим на сообраќај во општина Аеродром

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, в недела на 26.03.2023, со почеток во 18 часот поради најавен ракометен натпревар,

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на Општина Аеродром.

По потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул. „Србија“ со бул. „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“, се вели во соопштението.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.