Споменикот на Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче

Општина Аеродром донесе одлука за поставување на споменикот на Андон Јанев-Ќосето во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром.

Одлуката беше донесена со поддршка на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левицата, како и советник од советничката група на СДСМ.

„Имајќи предвид дека станува збор за одлука, која сега е во надлежност на Собранието, по целосното комплетирање, иницијативата која е усвоена од страна на членовите на Советот на Општина Аеродром набргу ќе биде доставена до Собранието. Крајната одлука за евентуално преземање на споменатиот споменик и понатамошно негово поставување во општина Аеродром ќе ја има оваа државна институција.

Со оглед на фактот дека Советот на Општина Аеродром, како и Собранието, се претставнички органи на граѓаните, каде што членовите се избрани на непосредни избори со гласање, Општина Аеродром има обврска да ги почитува одлуките донесени од страна на двата државни органа“, соопштија од Општината.

Од Општината апелираат до сите поединци, политичките партии и другите општествени фактори да се воздржат од ширење и пласирање дезинформации поврзани со оваа тема во јавноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.