Аеродром: Планот за згради во Лисиче е почнат кога СДСМ раководеше со општината

СДСМ наместо да шири дезинформации треба да даде одговор дали и кога ќе побара одговорност и постапување на Комисијата за спречување на корупција за крупните бизнис зделки и продажба на земјиште за блиски роднини на Ковачевски и Богоев, велат од општина Аеродром по обвинувањата од СДСМ за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче.

Доколку градоначалникот на Аеродром сега беше од редовите на СДСМ наместо ДУП за Лисиче таму ќе никнеше хотел со пет ѕвездички, сопственост на блиски роднини на високото раководство на СДСМ, велат од Општината.

„Јавен податок кој никој не може да го оспори е фактот дека конкретниот ДУП за кој оваа политичка партија говори, е започната токму во време кога СДСМ раководи со општината, во најлошиот период за Општината Аеродром кога не е реализиран ниту еден проект и напротив парите на граѓаните се трошеле недомаќински и спротивно на законите. Одговорот на прашањата кои СДСМ секојдневно ги поставува треба да го побараат од претходниот градоначалник или од раководството на СДСМ по чија директива работел тој“, велт од општината.

Се додава дека работењето во согласност со законите и ставањето крај на бизнисите на СДСМ во Аеродром веројатно е факт кој оваа политичка партија не може да го прифати.

Општината го повика СДСМ да престане, како што велат, да шири дезинформации и изворите на криминал и корупција да ги бара во своите редови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.