Граѓаните на Лисиче излегуваат на протест: „стоп за бетонизацијата“

Иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ најави протест против бетонизација на населбата.

Протестот ќе се одржи на булеварот Србија на 14 јуни, среда, со почеток во 17.30 часот.

„Заедно да им кажеме стоп на урбаната мафија и на насилната бетонизација, која ни следува!!! Ги повикуваме сите граѓани, кои се гневни на градежниот геноцид што му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населбата Лисиче да стане дел од таа приказна!!!“, се вели во повикот за протест на социјалните мрежи.

Според детаљниот урбанистички план, на локација на која сега има куќи планирани се нови згради покрај булеварот Србија.

Од владејачката партија СДСМ побараа Државната комисија за спречување на корупцијата да го истражи овој случај до крај и обвинија за бетонизација на населбата.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, пак, рече дека на локацијата на која е предвиден нов ДУП во Лисиче не станува збор за наводно некакво бетонирање, напротив, станува збор за детален урбанистички план, кој подразбира изградба на речиси 95 отсто објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој првпат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче, рече тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.