„Островска“ во Лисиче добива мултифункционален спортско-рекреативен комплекс

Активностите за унапредување на урбаното и локално живеење во Општина Аеродром продолжуваат со нови инвестиции на локацијата „Островска“ во Лисиче, каде наскоро започнува изведбата на нов мултифункционален спортско-рекреативен комплекс, што вклучува изградба на фудбалско, кошаркарско и детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и хортикултурно уредување на околниот простор.

Станува збор за инвестиција која го адресира проблемот на граѓаните од овој дел на Аеродром и е целосно е финансирана со средства од буџетот на општината.

„Ветивме дека проектите и инвестициите ќе се однесуваат на сите делови од Аеродром, а токму затоа задоволство е кога ќе се види дека овие ветувања се реализираат. Населбите кои со години важеа за заборавени добиваат содржини кои го унапредуваат урбаното живеење и секојдневието на граѓаните. Убеден сум дека ова место ќе биде причина спортување и нови маалски дружби кои ќе го задржат духот на Аеродром“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.