Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот фејсбук-профил објави дека според последната одлука на Уставниот суд, сите носители на јавни функции ќе добијат зголемување на својата плата, а разликата во покачувањето тој ќе го донира во хуманитарни цели на семејствата со ниски месечни примања и за семејствата на уставобранителите.
 
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, в недела на 26.03.2023, со почеток во 18 часот поради најавен ракометен натпревар,
 
​Општина Аеродром денес го одбележа првиот ден на пролетта, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Денот на поезијата. Градоначалникот Тимчо Муцунски утрово го посети основното училиште „Александар Македонски“ и присуствуваше на настан каде заедно со учениците преку интересни и креативни активности, организирани во училишниот двор посакаа добредојде на новото годишно време и испратија пораки по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
 
Светот денес го одбележува Денот на среќата. По тој повод градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски присуствуваше на настан организиран во детската градинка „Буба Мара“, клонот кој се наоѓа во населбата Лисиче, каде потенцирајќи ја важноста на среќата заедно со дечињата испратија важни пораки за среќа и безгрижен живот.
 
Денеска светот го празнува Меѓународниот ден на жената, а градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот Дејан Митески утрово се сретнаа и го честитаа празникот токму на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес за нормално функционирање на општина Аеродром.
 
Општина Аеродром се грижи за најмлади и ги поддржува социјално загрозените семејства. Во таа насока продолжуваме со различни економски и финансиски мерки да ги поддржуваме семејствата кои се најпогодени од финансиската криза, истакнуваат од оваа општина.
 
Парцелите предвидени за изградба на станбени и деловни објекти Општина Аеродром ги пренамени во места за паркови и зелени површини. Минатата година, најавивме, а денес веќе тие најави стануваат реалност. Аеродром е прва општина која избриша маркички за изградба на згради, а на тоа место наскоро започнува изградбата на нов, модерен парк на површина од 5700 квадратни метри.
 
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, утрово изврши увид на градежните работи на сообраќајниците во населбата Лисиче, каде активно се работи на реконструкција на една улица, а наскоро започнуваат активностите на уште две улици во истата населба.
 
​Продолжува негаторскиот однос од страна на СДСМ кон сето тоа што е симбол на традицијата и патриотизмот во Македонија. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на Фејсбук објави дека општината оваа година во целост финансиски ќе го поддржи одржувањето на традиционалниот „Илинденски марш“.
 
Советот на Општина Аеродром на вонредна седница која се одржа синоќа донесе одлука за донирање парични средства за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
 
Општина Аеродром ќе донира парични средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
 
Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром. Проект, кој целосно се реализираше со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, кои беа пренаменети за овoj проект по инацијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски.
 
Инвестициите и проектите во спортот се важни за промоција на општината во меѓународни рамки, но и предуслов за создавањето на идните спортски таленти.
 
Градоначалникот Тимчо Муцунски оствари работна средба со делегација од општината Исла, Малта предводена од Градоначалникот на оваа општина, Кливе Пулис.
 
Општина Аеродром почна со реконструкција на три улици во населбата Лисиче. Станува збор за инвестиција од 60 милиони денари, со која се предвидува целосна реконструкција на улицата Мите Богоевски, во должина од 1.245 метри, како и улиците Црноризец Храбар и Илија Димовски, со вкупна должина од 1.000 метри.
 

Нов паркин простор во Аеродром, со капацитет од 60 места

Нов паркинг на простор од околу 1500 метри квадратни со капацитет од 60 паркинг места е пуштен во употреба во населбата Стар Аеродром.
 
Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за издавање на „Зелена обврзница“ во чии рамки ќе бидат финансирани капитални инвестиции, зелени и енергетски ефикасни објекти кои ќе треба да го подобрат и унапредат живеењето во Аеродром. Зелената обврзница преставува инвестиција во нови проекти во делот на урбанизмот, образованието и социјалната заштита.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.