Каевски: Антикорупциската комисија да отвори предмет за случајот со парцелите во Лисиче

СДСМ побара од антикорупциската комисија да отвори предмет за случајот со парцелите во Лисиче.

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, рече дека, наместо проекти, развој и повеќе зеленило, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ донеле бетонизација на општините со кои раководат.

„Во детаљниот урбанистички план за Лисиче од страна на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ, во реон на семејни куќи, се предвидува изградба на висококатници. Но, освен предвидените згради, овој ДУП е спорен и со фактот што парцелите во кои се предвидени маркичките за градба претходно се купени од страна на градежни инвеститори, што отвора сомнеж дека тие можеби знаеле каде ќе се градат згради, па затоа купиле парцели од над илјада квадратни метри. Затоа Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај“, порача Каевски.

Претходно денес, Муцунски на прес-конференција изјави дека со обвинувањата за ДУП-от владејачката коалиција се обидува да направи дефокус, но и да ги затскрие сопствените крупни коруптивни скандали.

На локацијата на која е предвиден нов ДУП во Лисиче, според Муцунски, не станува збор за изградба на стотици згради и наводно некакво бетонирање, напротив, станува збор за детален урбанистички план, кој подразбира изградба на околу 95 отсто објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој првпат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.