
Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу, прашува СДСМ
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 29 Мај 2025

СДСМ прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?
„ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи за скандалите кои се објавуваат за нивните колаициски партнери Ганиу и Меџити. Зошто Владата досега не го ангажирала државниот градежен инсекторат да интервенира и да санкционира, ако е виситина дека има преку 150 дивоградби во Општина Чаир. Дали Владата предовдена од ДПМНЕ сака повторно да се случи некоја трагедија во нелегелизирани и опасни ообјекти за да реагира или по секоја цена ќе го штити коалицискиот партнер?“, прашува СДСМ.
Партијата бара итно да излезат сите надлежни државни институции и да ги проверат наводите на градоначалничката Арсовска која, како што велат, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и да се постапи без исклучок по однос на сите нелегални објекти.
„Додека Тошковски и Мицкоски имаат полна уста неселективност, молчат пред очигледен криминал кој го прави Ганиу во Чаир. Дали и тие се дел од шемата и заради тоа го штитат криминалот?“, прашуваат од СДСМ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
