Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина в понеделник

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина е планирана за понеделник, 2 јуни, во Истанбул.

Москва објави дека ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, кој ги вклучува сите аспекти на решението за причините за конфликтот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека ниту Киев ниту Анкара, како посредник во преговорите, не добиле никакви документи од Москва за подготовка за следната рунда преговори, најавена за в понеделник.

Украина инсистира Русија да го предаде својот нацрт-меморандум пред состанокот следната недела, поради загриженоста дека содржи услови неприфатливи за Киев, што Москва одби да го стори.

Русија објави дека во Истанбул ќе биде претставена од истата делегација како и во првата рунда преговори, предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

Првата средба на претставници на Москва и Киев во последните три години се одржа на 16 мај во Истанбул.

Страните се согласија да спроведат голема размена на затвореници – 1.000 за 1.000, што оттогаш е спроведено, како и да презентираат визија за можноста за идно примирје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.