ВМРО-ДПМНЕ: Месечен надомест од 12.000 денари за 3 месеци обуки за жени и млади до 29 години преку Оперативниот план за 2025 година

Владата е посветена на креирање мерки и решенија кои ќе ја подобрат перспективата и можностите на младите. Владата останува фокусирана на зајакнување на улогата на жените и младите во општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оперативниот план за вработување за 2025 година опфаќа мерката ОБУКИ за жени и млади до 29 години во рок од 3 месеци со месечен надомест.

Во овој циклус се предвидува мерката обуки со која ќе се опфатат над 2000 лица со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности.

Првата обука којашто е наменета за невработени лица коишто се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци.

Втората обука се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. Исто како и во претходната и овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно.

Обуки за напредни и основни вештини, се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќа 720 лица.

Обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, се преку лиценцирани програми. Ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд.

Владата преку програмите за вработување и самовработување ќе ги поддржи младите се со цел да стекнат вештини кои ќе им користат во нивниот напредок и професионалната кариера“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.