
„Провизии кои чинат животи“: ВМРО-ДПМНЕ најави серија прес-конференции за модуларната болница во Тетов
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 31 Мај 2025

ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека ќе ја разоткријат вистинската одговорност за трагедијата.
Првата прес-конференција ќе биде одржана денеска во 12 часот.
„14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше?“, стои во најавата на ВМРО-ДПМНЕ.
За пожарот во модуларната болница поранешните директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на една година и шест месеци затвор. Судот одлучи дека се виновни за предизвикување тешки дела против општата сигурност, бидејќи не обезбедиле ПП апарати во објектот, што придонело во пожарот на осми септември во 2021 година да загинат 14 лица, пациенти кои се лекувале од ковид и членови од нивните семејства. Тетовската болница како правно лице е казнета со парична казна од 1 милион денари.
Како причина за пожарот беше утврдено дека е продолжен кабел во болницата кој се прегреал, додека во него биле вклучени повеќе апарати, како дефибрилатор и полнач за мобилен телефон
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
