
„Ѓорче Петров се гордее со вас“ – Стојкоски на средба со шампионките од ЖРК „Ѓорче Петров“
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 02 Јуни 2025

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари средба со ракометарките на ЖРК „Ѓорче Петров“, кои вторпат по ред ја освоија двојната круна – титулата во првенството и трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.
Стојкоски им честита на ракометарките и на стручниот штаб за извонредната сезона и за континуираниот успех што го постигнуваат на национално ниво.
„Ѓорче Петров се горее со вас. Со вашата посветеност, тимскиот дух и со резултатите, вие сте вистински амбасадори на нашата општина. Како локална самоуправа ќе продолжиме активно да го поддржуваме спортот затоа што веруваме дека преку спортот се гради здрава и успешна заедница“, изјави градоначалникот Стојкоски.
ЖРК „Ѓорче Петров“ е еден од најуспешните женски спортски колективи во земјата и континуирано ги претставува боите на општината со огромен успех.
Општина Ѓорче Петров им посакува уште многу титули и нови спортски победи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
