
Кривична против Здружение за коњички спортови и 34-годишна битолчанка за измама и фалсификување исправа
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Јуни 2025

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.
Второпријавената И.О., како еден од сопствениците на првопријавеното правно лице, во име на правното лице во периодот од 17.08.2023 до 20.10.2023, со прикривање на факти довела во заблуда правно лице од Скопје и со умисла извршила повеќе поврзани дејствија, така што побарала од правното лице да изврши набавка на ракавици и сетови за прва помош иако според статусот не смеело да врши трговски услуги. За таа намена правното лице од Скопје издало 11 фактури со различен износ и до денес го држела во заблуда дека ќе бидат платени во законскиот рок и на тој начин го навела да стори штета во износ од 7.938.400 денари.
Исто така, второтопријавената, на издадените фактури, кон својот потпис додала дека има звање претседател на првопријавеното правно лице и на тој начин со умисла извршила кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи”, казниво по член 397 од Кривичен законик.
Пријавената И.О. во заблуда довела и правно лице од с.Живолно, општина Новаци на начин што подигнала вештачко ѓубре и не го платила и на тој начин го оштетила правното лице во износ од 276.900 денари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
