
„Среќен роденден на нашето прекрасно девојче“: Меган Маркл сподели фотографии од принцезата Лилибет
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 04 Јуни 2025

Mеган Маркл сподели фотографии од принцезата Лилибет на својот инстаграм-профил по повод четвртиот роденден на ќерка ѝ. Војвотката од Сасекс ретко споделува фотографии од Лилибет, седма во редот за британскиот престол, а кога го прави тоа, тие обично се одзади за да се заштити нејзината приватност.
Новата црно-бела фотографија го покажува горниот дел од лицето на Лилибет – нејзините очи и челото – а рацете на Меган ги покриваат устата, носот и остатокот од лицето додека ја прегрнува. Лилибет седи во скутот на мајка си, двете со разбушавена коса, како да се на брод. Втората фотографија што Меган ја објави денес покажува интимен момент од 2021 година кога нежно ја држи новородената Лилибет в раце.
Во објавата Меган напиша: „Среќен роденден на нашето прекрасно девојче! Денес пред четири години таа влезе во нашите животи – и секој ден е посветол и поубав поради неа. Ви благодариме на сите што ја испративте својата љубов и го прославивте нејзиниот посебен ден!“
Меган и принцот Хари не објавија официјален портрет од лицето на Лилибет од нејзиниот прв роденден, кој беше прославен на пикник во Фрогмор Котиџ во Виндзор во 2022 година. Лилибет го носи името на својата прабаба, кралицата Елизабета II. Таа е родена во Санта Барбара откога Меган и Хари го напуштија кралскиот живот и се преселија во Калифорнија. Двојката има и син, Арчи (6), кој е роден во лондонската болница „Портланд“ додека сè уште работеа како членови на кралското семејство.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
