All for Joomla All for Webmasters
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило", денеска на првиот ден на пролетта, симболично засадија десет декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола – темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев", во општината Ѓорче Петров.
 
Општина Ѓорче Петров, заедно со невладина организација Фајненс Тинк, како дел од мрежата Фискат го започна проектот „ Мои пари, моја одговорност“, при што денеска беше поставен информативен корнер во општинската зграда.
 
Општина Ѓорче Петров во соработка со Центарот за развој на образованието ,,Корени” организираше две работилници на кои наставниците, директорите и стручните служби од училиштата ги надоградија знаењата и вештините за создавање поквалитетна настава.
 
Сообраќајот на улицата „Даме Груев" во Скопје во недела ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио" за снимање на филмот „Хомо".
 
Граѓаните на општина Ѓорче Петров се уште се лекуваат во старата и руинирана амбуланта, која е речиси пред распаѓање.
 
 
Денеска  во Домот на културата на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Наумоски потпиша Меморандум за соработка со Здружението на граѓани ЕВРО-СТАРТЕР-Скопје, при што свечено  го пушти во употреба Младинскиот инфо-центар  (МИЦ).
 
Со цел да се обезбедат подобри услови во детските градинки Општина Ѓорче Петров презема сериозни чекори да се обезбедат прочистувачи за воздух во сите градинки на нејзина територија.
 
Без вода  од 8 часот утрово ќе останат корисниците од населбите „Даме Груев“, Волково, Ново Село и Стопански Двор.
 
По дваесет години мрак, улицата ,,Алексо Демниевски 27” доби улично осветлување. Општина Ѓорче Петров информира дека е пуштена во употреба новата линија на кракот 27, во должина од 120 метри. Поставени се 5 метални столба со улични светилки и конечно, жителите од оваа улица,  добија квалитетна услуга, безбеден пристап до своите домови и модерен систем на осветлување, информираат од општината.
 
facebook twitter google+ linkedin pinterest ЈП „Комунална хигиена" – Скопје денеска спроведува акција за чистење на пешачката и велосипедската патека на насипот на реката Вардар, во Општина Ѓорче Петров.
 

Акција за чистење во Општина Ѓорче Петров

Во пресред на пролетта во Општина Ѓорче Петров се одржаа неколку активности за чистење на општината. Комуналните служби ги чистеа тротоарите и паркинзите по должина на улицата ,,Лука Геров”, во населбата ,,Даме Груев”.
 
Започнува постапката за модернизација на уличното осветлување во Општина Ѓорче Петров.
 
Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука новиот Клинички центар да се гради во Општина Ѓорче Петров, поточно на местото викано Веле Поле.
 
 
Комуналните служби на ошштина Ѓорче Петров викендов беа фокусирани на расчистување на урбаната заедница Дексион.
 
Советот на Општина Ѓорче Петров  даде зелено светло за отпочнување капитални проекти кои се од суштинско значење за жителите на Ѓорче Петров.
 
Откако се стопи снегот отпадот расфрлан по јавните и зелени површини излезе на виделина.
 
Со цел подобрување на образовната инфраструктура, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски одржа работен состанок со заменик министерот за образование Петар Арсовски.
 
 
Општина Ѓорче Петров демантира дека е зголемена платата на градоначалникот. Општинската прес служба до нашиот медиум објави демант кој ви го пренесуваме во целост.
 

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.