
ВМРО-ДПМНЕ: СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Мај 2025

СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија, обвинија ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција. Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци. Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење на дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрга и криминалци и зошто постојано настојуваат да се опкружени со нив и на приватни настани и забави. Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче пред три дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога. Дали за партиските функционери блиски на Заев и Филипче користењето на забранети психотропни супстанци е честа појава и пракса?“, прашуваат од партијата.
Додека народот нема леб да јаде, велат од ВМРО-ДПМНЕ, партиските функционери на СДС користат психотропни супстанци, таков беше случајот и со ексдиректорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, кога во јавност излегоа фотографии на кои се гледа тој со бела прашкаста материја пред него на работно биро.
„На виделина излезе вистинското лица на СДС и нивните партиски функционери. Пред очите на јавноста со факти и докази излезе вистина за СДС и нивните функционери кои постојано се опкружени со криминалци и корисници на дрога. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал“, пишува во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
