
Општина Гази Баба доделува 2500 денари за пензионери со ниски пензии
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 06 Мај 2025

Општина Гази Баба објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка на пензионери со ниски пензии од општината.
Потребните услови кои треба да ги исполнуваат пензионерите се следни: Да биде жител на Општина Гази Баба; Да биде примател на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (корисници на правото на социјална сигурност); Износот на пензијата која ја прима да не биде повеќе од 23.000 денари.
Потребна документација за аплицирање на јавниот повик е:
Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик;
Фотокопија од лична карта;
Фотокопија од трансакциска сметка;
Чек од банка за примена последна пензија;
За корисници на социјална панзија – Потврда/Решение од надлежниот Центар за социјални работи (ЦСР Гази Баба).
Јавниот повик ќе се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“ и ќе трае од 06.05.2025 до 20.05.2025 година, односно додека не се потрошат предвидените средства.
За оваа намена, Општина Гази Баба има определено 7.695.000,00 денари.
Градоначалникот Стефковски во објава на социјалните мрежи ги повика сите пензионери кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на финансиска поддршка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
