(Фото) Општина Илинден започна со изградба на нов урбан парк – плоштад

 Општина Илинден континуирано се труди да го урбанизира и уреди јавниот простор во сите населени места. На тој начин се обезбедуваат модерно уредени урбани катчиња, каде граѓаните можат да го поминуваат слободното време. Со таа цел започната е изградба на нов урбан парк со повеќе содржини во н.м. Марино, велат од општина Илинден.

 

 

„Овој урбан парк ќе се наоѓа на потегот помеѓу улиците „531“, „532“ и „534“, и зафаќа површина од околу 5.600 м2. Во склоп на паркот освен неопходното партерно уредување, предвидено е поставување на улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и сервисна улица. Урбаниот парк ќе содржи зона со зелена површина, отворен плоштад за прошетка и колективни настани, централно поставена фонтана и жардињери со цвеќиња, како и детско игралиште со реквизити, во кое ќе можат да уживаат и најмалите жители на општината.

 

 

Увид во почетните фази на градба изврши градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека урбанизацијата и просторното уредување се од особена важност за жителите на општина Илинден да можат своето слободно време да го поминуваат во квалитетен, модерен и урбан простор за одмор и прошетка“, соопшти Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.