
„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Мај 2025

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето. Стотици пливачи и ватерполисти останаа без соодветни тренинзи“, велат од партијата Левица.
„По обичај, цената за пропустите ја плаќа некој друг, во случајов тоа се македонските пливачи кои се принудени да се снаоѓаат на свој начин користејќи ги останатите базени во државава за да ја одржуваат формата и неопходните тренинзи за што се потребни дополнителни трошоци кои пливачите и нивните родители ги даваат од сопстевниот џеб.
Ова би требало најдобро да го знае министерот Борко Ристовски кој сѐ уште се нема произнесено во јавноста во врска со затворањето на базенот во С.Ц. Борис Трајковски, не нудејќи притоа никаква алтернатива за спортистите и клубовите засегнати со овој проблем.
Го повикуваме министерот да се одважи од вторите редови на една од прес конференциите на Премиерот Мицкоски, да ги соопшти планот, динамиката и временската рамка за најавеното реновирање на базенот, што е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови во Македонија.
Самиот Борко Ристовски ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето, посебно акцентирајќи го овој спорт.
Упатуваме апел до министерот за спорт да пристапи со директна финансиска помош до клубовите, пливачите и ватерполистите и да изготви решение за моменталната ситуација за која не се знае до кога ќе трае.
Спортистите бараат тренинзи во соодветни термини и во соодветен број стази. Тоа се истите спортисти на кои им претстојат големи натпреварувања и на чиј грб се рекламира министерството за спорт кога ја претставуваат државата.
Спортистите како најголеми амбасадори на земјава во светот го заслужуваат тоа“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
