
Уапсен кумановец затекнат при обид да изврши кражба: подоцна во неговиот дом била пронајдена дрога
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Мај 2025

На четврти мај, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 40-годишниот Д.С. од Куманово. Тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, кумановско, при обид да одземе предмети.
На 05.05.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
