
Судир меѓу „голф“ и мопед: малолетник со тешки повреди пренесен во градската болница
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Мај 2025

Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата „Натанаил Кучевишки“ и улицата „Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Н.Д. од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
