Ријана откри дека е трудна, го очекува своето трето дете

37-годишната Ријана откри дека го очекува своето трето дете со партнерот А$AP Роки на спектакуларен начин – покажувајќи го својот труднички стомак на црвениот тепих на Мет Гала 2025.

Пејачката изгледаше прекрасно во скратено сако од Марк Џејкобс, волнен корсет и пругасто здолниште со шлиц до бутовите и интересен детаљ во форма на уште едно сако.

 

 

Ријана и Роки ги имаат синовите РЗА (3) и Рајот (1).

Да потсетиме, Ријана ја откри својата втора бременост за време на полувремето на Супербоул во 2023 година, облечена во тесен црвен комбинезон Loewe.

Темата на Мет Гала оваа година беше Superfine: Tailoring Black Style. Од гостите беше побарано да го претстават стилот на афроамериканските мажи, од 18 век до денес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.