Општина Илинден информира дека во завршна фаза е урбаното уредување на просторот околу туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“ во населеното место Бучинци.
 
Со одржување на спортски натпревари во фудбал и кошарка беа пуштени во употреба спортските игралишта за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден, кои во изминатиот период беа целосно реконструирани, извести општина Илинден.
 
 Општина Илинден континуирано се труди да го урбанизира и уреди јавниот простор во сите населени места. На тој начин се обезбедуваат модерно уредени урбани катчиња, каде граѓаните можат да го поминуваат слободното време. Со таа цел започната е изградба на нов урбан парк со повеќе содржини во н.м. Марино, велат од општина Илинден.
 
Општина Илинден работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел, како што велат, задоволување на потребите на сите граѓани.
 
Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал, во должина од 220 метри, извести Oпштина Илинден.
 
И оваа година општина Илинден објави Јавен повик за субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.
 
Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м2, меѓу кои е општинската зграда, како и домовите на култура на општина Илинден.
 

Асфалтирање на ул. „120“ во Јака, Општина Илинден

Деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „120“ во населба Јака, во вкупна должина од 350 метри и тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри.
 
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом, каде во завршна фаза се повеќе градежни активности.
 

Дел од Oпштина Илинден денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
 
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во пресрет на Денот на жената 8 Март, им го честиташе празникот на припадничките од понежниот пол во Општината, јавните претпријатија но и на општинската администрација.
 

Дел од општина Илинден утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре, во период од 08 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата после гробишта во село Марино кон населба Јака и улицата накај гробиштата во Oпштина Илинден.
 

Во Илинден приведен крадец баран со потерница

Вчера во населба Илинден во Скопје, полициски службеници од Оперативениот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(47) од населба Илинден.
 
По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви населба Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден.
 
Градоначалникот на Oпштина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање.
 

Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино во должина од 500 метри, како и воспоставен систем за одведување на атмосферските води од коловозот на локалниот пат.
 
Општина Илинден ја спроведе големата акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акцијата за пошумување се реализира во изминатиот период на повеќе локации, а денес масовно се пошумуваше на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари и беше уништена шума во површина од 30 ха.
 
Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамки на акцијата која ќе трае во наредниот период ќе бидат засадени над 2000 садници од повеќе видови, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и подобрување на условите за живеење.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.