Нов парк во Горно Лисиче

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска присуствуваше на започнувањето на изградбата на нов парк во Горно Лисиче покрај улицата „Божин Николов“ на површина од 3.500 квадрати метри.

 

Новиот парк ќе ја замени дивата депонија што со години се таложела покрај стадионот во оваа населба и ќе прерасне во убава и функционална зелена оаза за жителите на Горно Лисиче.

 

При увидот градоначалникот се запозна со динамиката на изградбата и тоа во првата фаза расчистување на теренот и шутот, потоа негово рамнење и на крајот зазеленување на површината, нејзино осветлување и хортикултурно уредување со патеки, клупи и канти за отпадоци.

 

„Целта на инвестицијата е да се создаде место за рекреација, дружба и опуштање, а со тоа да се придонесе и за еколошко подобрување околината. Подигнувањето нови зелени површини и покрај постоењето на голем број паркови е дел од стратегијата на Општина Аеродром за унапредување на животната средина и подобрување на квалитетот на живот. Општина Аеродром останува посветена на транспарентно и навремено информирање на јавноста за сите проекти што се реализираат на нејзината територија“, велат од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.