
Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Мај 2025

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело проневера во службата.
„Првопријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година и второпријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп со цел да прибават за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати присвоиле парични средства од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, за 2024 година износ од 1.508.452 денари, за 2025 година износ од 760.865 денари, односно, во вкупен износ од 2.269.317 денари“, соопшти Финансиската полиција.
Првопријавениот противправно присвоил износ од 1.991.240 денари, а второпријавениот противправно присвоил износ од 278.077 денари, со што пријавените го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ за истиот износ.
По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција едно од лицата е обезбедено и е изведено пред јавен обвинител за понатамошно постапување.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
