
Ја нападнал поранешната партнерка и случајни минувачи кои ѝ помагале, уапсено едно лице во Карпош
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Мај 2025

Полицијата уапси едно лице за напад на поранешната партнерка. Инцидентот се случил во Карпош, Скопје, а уапсениот ги нападнал и случајните минувачи кои се обиделе да ѝ помогнат на девојката.
Според информациите на МВР, ноќеска во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(27) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека на 28.05 околу 22.20 часот на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата поранешна 23-годишна партнерка од Скопје, а нападнал и случајни минувачи, кои се обиделе да ѝпомогнат.
Исто така, според пријавеното, истиот на 25.05.2025 околу 02.00 часот, физички ги нападнал неа и нејзината пријателка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
