Продолжува чистењето на одводните канали во Општина Илинден

Во текот на месец октомври Општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле – Скопје изврши машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот низ централниот дел на Миладиновци, информираат од општината.

Од почетокот на годината се исчистени 23 километри од 120 километарската каналската мрежа.

Во наредниот период е предвидено да се исчисти главниот канал во централниот дел на населбата Илинден и во н.м. Марино, во должина од 4000 метри.

Континуираното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали останува приоритет во работењето на Општина Илинден и во наредниот период, додаваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.