Сончево и топло, температурата до 28 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, особено во попладневните часови. Поголема нестабилност се очекува во четврток, кога врнежите наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.