За прв пат по 81 ден: 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од Израел со затворање на граничните премини, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесува Анадолија.

 

Исмаил Ал-Тавабтех, директор на таа канцеларија, за Анадолија изјави дека „досега влегле 87 камиони што превезуваат разни видови помош“.

Според него, помошта била „доделена на меѓународни и локални организации како дел од напорите да се дистрибуира до нашиот палестински народ за барем делумно да се задоволат неговите итни хуманитарни потреби“.

Канцеларијата предупреди дека за да функционира животот во Газа, потребни се најмалку 500 камиони дневно со итна хуманитарна, медицинска и прехранбена помош, како и најмалку 50 камиони со гориво, со оглед на растечкиот глад предизвикан од израелската блокада што трае повеќе од два месеци





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.