
Георгина Родригез разочара со изданието на „Мет гала“: „Таа целосно ја промаши темата“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 08 Мај 2025

Георгина Родригез беше една од многуте ѕвезди што прошетаа на тепихот на „Мет гала“, најпрестижниот моден настан во светот.
Темата на „Мет гала“ оваа година се фокусира на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрескодот Tailored for You ги замоли ѕвездите да ја реинтерпретираат машката мода.
Партнерката на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо се појави во црна креација со изрез од страната, а комбинацијата ја надополни со црни чевли и накит.
Но, модните критичари ја прогласија нејзината облека за една од најлошите на годинешната „Мет гала“, а критиките се проширија и на социјалните мрежи.
„Георгина Родригез дури не се ни обиде“, „Таа ја промаши поентата. Очекував многу повеќе од неа“, „Не ми се допаѓа“, „Не ја разбра поентата“, „Ова ме потсетува на пижами“ и „Ова е ‘Мет гала’, а не пижама-забава“, се некои од коментарите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
