Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

 

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=27°C. P=974hPa. U=48%. V=6m/s

 

Утре попладне, во текот на ноќта и в сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови (од 20 до 30 l/m²), а во другите од 10 до 20 l/m². Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.