
Бритни Спирс тврди дека го бакнала Бен Афлек; Тој: Во тој период не знаев која е таа
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 08 Мај 2025

Бен Афлек неодамна се појави во поткастот This Past Weekend со Тео Вон. Во него тој изјави дека порано многу му било жал за Бритни Спирс поради сè она низ што таа поминувала.
„Се чинеше како луѓето да ја следеа во период кога можеби ѝ беше навистина тешко. Не знам, бидејќи не ја познавам. Но, знам како изгледа кога луѓето те вознемируваат, ти викаат и те малтретираат. Се чинеше дека самото тоа ги влошува работите“, коментира тој.
Тој исто така се осврна на претходното тврдење на Бритни дека го бакнала велејќи дека тој дури и не знаел која е таа во тоа време.
Во февруари минатата година пејачката објави фотографија од себе со Афлек и Дајан Ворен на „Инстаграм“ заедно со опис дека го бакнала актерот таа вечер. „Искрено, заборавив на тоа“, напиша таа во објавата, која потоа ја избриша.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
