Принцот Хари и Меган Маркл меѓу најмалку популарните членови на кралското семејство, покажува истражување

Принцот Хари и Меган Маркл се меѓу најмалку популарните членови на британското кралско семејство, според анкетата на YouGov.

Од 2.004 возрасни анкетирани, 31 отсто имале позитивно мислење за Хари, а само 26 отсто од луѓето рекле дека имаат позитивно мислење за војвотката од Сасекс.

Единствениот член на кралското семејство кој е помалку популарен од Хари и Меган е принцот Ендру, кој претходно беше поврзуван со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, пренесува британски Експрес.

Анкетата, која беше спроведена на почетокот на овој месец, покажа дека помладата генерација има ниско мислење за кралското семејство воопшто.

Според информациите, принцот Хари следниот месец ќе ја посети Велика Британија за да ги прослави „Непобедливите игри“, во кои учествуваат воени ветерани со посебни потреби.

Експрес наведува дека не е сигурно дека Меган ќе му се придружи на нејзиниот сопруг, а коментаторот Ричард Фицвилијамс рекол дека војвотката е „особено непопуларна во Британија“ и дека не го очекува нејзиното доаѓање, бидејќи последен пат ја посетила земјата за време на погребот на кралицата Елизабета II.

Популарноста на војводата и војвотката од Сасекс опадна во 2020 година, кога решија да ја напуштат Британија, а интервјуто на парот со водителката Опра Винфри и автобиографијата на Хари, во која парот наводно го нападна кралското семејство, ги направи уште помалку популарни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.