
Ѓорѓиевски-Тигањ: Заедно, можеме да создадеме нови можности за нашите граѓани
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 06 Декември 2024

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на унапредување на меѓусебната соработка.
Амбасадорката Тигањ истакна дека Хрватска е подготвена да ги сподели своите искуства, особено во делот на усогласување на стандардите со европските практики. Таа ја поздрави посветеноста на локалната самоуправа за проактивен пристап во привлекувањето на инвестиции и развојот на локалната заедница.
Ѓорѓиевски, од своја страна, ја нагласи важноста од градење силни партнерства со пријателските земји, додавајќи дека оваа соработка претставува можност за трансфер на знаење и ресурси кои ќе придонесат за подигнување на квалитетот на живот во општината.
„Посетата на амбасадорката Тигањ е уште еден доказ за искрената желба за продлабочување на односите меѓу Општина Кисела Вода и Република Хрватска. Заедно, можеме да создадеме нови можности за нашите граѓани. Се надевам дека оваа соработка ќе биде пример за успешно партнерство на локално и меѓународно ниво“, изјави Ѓорѓиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
