Светиот крст донесен во Општина Илинден

Игор Јакимовски, кој е еден од 30-ината учесници на централната манифестација во Скопје за празникот Богојавление-Водици, кај кого пристигна богојавленскиот крст откога архиепископот г. г. Стефан го положи во водите на реката Вардар, денеска ја посети Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски му се заблагодари на Јакимовски што го донесе крстот во просториите на Општина Илинден изразувајќи верба дека светиот крст ќе им донесе здравје, среќа, радост, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во општина Илинден. Градоначалникот Георгиевски на Јакимовски му подари икона од св. Јован Крстител.

 

 

Јакимовски не ја криеше радоста и рече дека на манифестацијата учествува 29-ти пат, а оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво. Притоа, заблагодарувајќи му се на градоначалникот Георгиевски, на сите граѓани им посака светиот крст да им донесе многу здравје, радост и среќа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.