Пуштена во употреба нова детска градинка во Општина Илинден

Денеска во Општена Илинден, во населеното место Миладиновци е пуштена во употреба новоизградена детска градинка, клон на ЈОУДГ „Гоце Делчев”, информираат од општината.

 

Вкупната инвестиција за реализација на овој капитален проект кој Општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика изнесува 33 милиони денари. Од буџетот на Општина Илинден се обезбедени 27 милиони денари за фазите: архитектура, изградба на новиот објект и обезбедување на комплетна инфраструктура, хортикултурно и партерно уредување како и асфалтирање на паркинг просторот пред градинката.

 

За опремување на занималните, просториите и кујната во детската градинката, како и поставување на машинска опрема за греење и ладење на објектот, Министерството за труд и социјалана политика обезбеди средства во висина од 6 милиони денари.

 

Објектот на новата градинка се простира на површина од 540 м2, располага со 4 занимални и има капацитет да згрижи 90 деца. Во насока на почитување на протоколите во овој период градинката ќе згрижува 75 деца.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.